Вечерва во престолнината на Литванија, Kаунас, започнува завршниот турнир на кошаркарската Евролига. За титулата, која до 21 мај ќе биде во сопственост на Анадолу Ефес, ќе се борат Олимпијакос, Реал Мадрид, Барселона и Монако.
Монако е дебитант на завршните турнири, останатите три екипи играа и лани на завршниот турнир.
Завршниот турнир ќе го отворат од 17 часот Олимпијакос и Монако. Кошаркарите на Олимпијакос беа први на табелата, сезонава тие имаат четири победи против Барселона и Реал Мадрид, но ги загубија двата натпревари од Монако.
Второто полуфинале, исто како и лани е „Ел Класико“. Барселона, како и Монако, имаат скор од 3-3 со Ф4 тимовите во сезоната, додека Реал е единствен со негатива 2-4./Маkfax