Голем број луѓе кои редовно вежбаат размислуваат само за изгледот на нивното тело, но често забораваат на еден исклучително важен мускул – срцето.
Постојат три вида на вежбање кои го одржуваат срцето здраво.
Кардиоваскуларниот (аеробен) тренинг го зголемува протокот на крв и кислород. Во исто време, го активира лачењето азотен оксид, кој ги проширува крвните садови. Тоа значително влијае на циркулацијата. Освен тоа, редовната кардиоваскуларна вежба го намалува нивото на холестерол и го регулира шеќерот.
Како резултат на сѐ тоа, се врши помал притисок врз артериите, што исто така, значи помала можност за проблеми со срцето.
Телото треба да работи напорно за да ги одржи мускулите што сте ги изградиле, а тоа доведува до забрзан метаболизам. Според некои истражувања, еден килограм мускул може да согори до 50 калории дневно и тоа дури и ако е само во мирување. Мускулите учествуваат во намалувањето на маснотиите коишто може да предизвикаат лош ефект врз вашето здравје. На пример, висцералната (внатрешна) маснотија може да се насобере околу органите, особено срцето, а колку помалку маснотии имате, толку е помала опасноста од кардиоваскуларни заболувања.
Вежбите за истегнување го намалуваат задебелување на ѕидовите на артериите. Зголемувањето на флексибилноста, пак, ги релаксира мускулите и зглобовите и ја ублажува напнатоста, подобрувајќи го протокот на крвта. Јогата може да помогне во стимулирањето на парасимпатичкиот нервен систем. Со помош на јога, телото се опушта, односно има намалено ниво на кортизол (хормонот на стресот).
Рурините за динамично истегнување се корисни вежби за срце што треба да ги вклучите во фитнес-програмата и дневната рутина. Истегнување затегнати мускули и тетиви помага да се прошират артериите, намалувајќи го крвниот притисок и воспаленијата
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.