Бјорн Улвеус (79) од легендарната група „АББА“ се ожени со својата партнерка Кристина Сас на церемонија која ја водеше комичарката и водителка Санди Токсвиг, објави Би-би-си во неделата, додавајќи дека тоа е негов трет брак.
Шведскиот пејач има два брака позади себе, а со Кристина се запознал во Нирнберг, Германија во 2021 година во врска со објавувањето на последниот албум на „АББА“ – „Voyage“.
Свадбата се одржа во саботата во Копенхаген во присуство на блиски пријатели и семејството.
Улвеус е познат како дел од четворката на АББА, бендот кој оваа година прослави 50 години од победата на Евровизија со песната „Waterloo“.
Групата се состоеше од два парови – Улвеус и Агнета Фалцки, и Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад.
Шведскиот музичар се ожени со Агета Фалцки во 1971 година. Двојката има две деца, Линда (49) и Питер (44), пред да се разведат во 1980 година.
Андерсон и Лингстад исто така се разведоа во 1981 година, една година пред да се раздели групата „АББА“.
Улвеус исто така беше во брак со Лена Калерсјо, од 1981 до 2022 година.