Битолски Пелистер го претрпе третиот пораз во четвртиот натпревар во кошаркарската АБА 2 лига, откако попладнево загуби од Војводина со 66-75 (39-36).
Кошаркарите на Пелистер имаа предност од три поени на полувремето, но уследи катастрофално лоша игра во третата четвртина, која противникот ја реши во своја корист со 23-9 и на крајот му го нанесе вториот пораз на македонскиот тим на турнирот во Осиек.
Најефикасни во редовите на Пелистер беа Никола Малешевиќ со 15 и Дејвид Хаутон со 12 поени.
По четири одиграни натпревари Пелистер е претпоследен на табелата со ефект од една победа и три порази.