Поранешниот фудбалер на Барселона и Ливерпул, Ксавиер Маскерано (37) во јануари ќе седне на клупата на аргентинската репрезентација до 20 години, објави денеска Фудбалската федерација на Аргентина.
За Маскерано тоа ќе биде прв тренерски ангажман.
Во својата фудбалска кариера легендарниот дефанзивец собра 147 настапи за аргентинската репрезентација и е втор фудбалер на сите времиња според бројот на одиграни репрезентативни натпревари. Повеќе од него настапи во аргентинскиот дрес има само Лионел Меси.
Маскерано на клупски план ги носеше дресовите и на Ривер Плата, Коринтијанс и Вест Хем, а кариерата ја заврши во ноември 2020 година во аргентинскиот прволигаш Естудијантес.