Северна Кореја повторно истрелала проектил утрово, потврдија од крајбрежната стража на Јапонија и од Генералштабот на Јужна Кореја.

Advertisements

Лансирањето на ракетата предизвика тревога кај Јапонците на северот на земјата каде беше издадена наредба за евакуација која во рок од 30 минути беше повлечена.

Сирените се огласија на Хокаидо кој е вториот најголем остров во Јапонија, а на тамошните жители им беше кажано „веднаш да се евакуираат“. Беше прекинат и железничкиот сообраќај. Потоа, јапонските власти соопштија дека проектилот не паднал во близина на островот и го повлекоа предупредувањето.

Тензиите во овој регион растат изминатиот период бидејќи од почетокот на 2023 година Северна Кореја истрела околу 30 проектили. Се верува дека тие повеќето досега се среден или поголем дострел, но засега за денешното лансирање сè уште нема повеќе официјални информации какво оружје било тестирано.

Прикажи повеќе