Професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски во својата нова ковид анализа вели дека ефективниот репродукциски број Rt останува маргинално под единица веќе 5 недели со ред (на првиот дијаграм), што резултира со бавно, но сепак видливо намалување на дневниот број на нови случаи (на вториот дијаграм).
-Особено охрабрува намалувањето на стапката на позитивни тестови, односно нејзината седумдневна подвижна средина (црвената линија на третиот дијаграм).
Прогнозите за наредните 2-3 недели се поволни, бидејќи до тогаш Омикрон сојот, дури и да пристигне, нема да стане доминантен и броевите на нови и активни случаи постепено ќе се намалуваат (четвртиот дијаграм).
Сите овие показатели кажуваат дека ни зимата, а ни досегашните слави не направиле преголема штета на епидемиолошката ситуација во земјата. Штетата е одамна направена, огромен дел од популацијата прележал и Делта сојот си го зел својот данок. Сега е време да гледаме нанапред, на доаѓањето на сојот Омикрон и штетите што тој ќе ги предизвика.
Имаме навидум противречни податоци од Јужноафриканската Република (ЈАР), од една страна и Велика Британија и Данска , од друга страна. Во ЈАР врвот на бранот само што не настапил, со релативно прифатливи дневни броеви на случаи и мал број на хоспитализирани и починати. Сите показатели им се помали од македонските, дури и во случај на Делта сојот.
Да се вратиме на случајот со Македонија. Без никакво сомневање, доколку нашите здравствени власти не го спречат влегувањето на сојот Омикрон во земјата, кон крајот на јануари и почетокот на февруари кај нас ќе видиме огромни броеви на новозаразени со Омикрон сојот на вирусот, пишува професорот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.