Судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во сојузната држава Џорџија ќе биде пренесуван во живо. Трамп е еден од 19-тте лица обвинети за изборна измама и обид за нелегално поништување на резултатите од претседателските избори во 2020-ттата година. Тој веќе се изјасни за невин по обвиненијата против него. Преносот во живо ќе ѝ овозможи на јавноста директен увид во случајот и ќе биде едно од најистакнатите судења на лица од висок профил во американската историја. Во меѓувреме, водачот на екстремно десничарската група „Прауд Бојс“ беше осуден на 17 години затвор поради упадот во американскиот Конгрес. Ветеранот Џо Бигс, поддржувач на Трамп, беше прогласен за виновен за поттикнување насилство на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година. На судењето Бигс побара да биде помилуван и изрази каење за своите постапки. /Alsat.mk