Не мислев дека ова е можно во Америка, рече поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот вечерта во врска со обвинението што му беше прочитано неколку часа претходно во судот во Њујорк.
„Единствениот прекршок што го направив е бестрашно да ја бранам нашата земја од оние кои сакаат да ја уништат“, рече Трамп, нарекувајќи го обвинението „навреда за нацијата“, во обраќањето до стотиците поддржувачи од неговата резиденција во Мар -а-Лаго, Флорида.
Тој додаде дека САД одат по ѓаволите и дека дури и оние кои не се негови обожаватели велат дека такво нешто не треба да се случи.
Трамп продолжи да тврди дека сето тоа се случува заради изборите и дека окружниот обвинител во Атланта, за кој рече дека е расист, прави се што може за да го обвини.
„Овој лажен случај е покренат само за да се меша во претстојните избори во 2024 година. Треба веднаш да се отфрли“, рече тој.
На крајот Трамп додаде дека во неговиот случај тоа е прогон, но дека може да ја држи главата горе.
Трамп е обвинет дека ја платил порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година за да молчи за нивната врска пред претседателските избори. Даниелс рече дека ѝ платил 130 000 долари.