Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наредил воздушни напади врз цели на ИСИС во Сомалија.

Американската војска изврши координирани воздушни напади против оперативци на Исламска држава во Сомалија, први напади во оваа африканска земја за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп.

Секретарот за одбрана Пит Хегсет во саботата изјави дека нападите, извршени од командата на американската војска во Африка, биле директно нарачани од Трамп и координирани со сомалиската влада.

Првичната проценка на Пентагон покажа дека се убиени „повеќе“ оперативци. Пентагон соопшти дека проценува дека нема повредени цивили во нападите.

Трамп во објава на социјалните мрежи рече дека висок командант на ИСИС, или главниот планер на нападот, и регрути биле цел на операцијата.

„Нападите ги уништија пештерите каде што живееја и убија многу терористи, без да им наштетат на цивилите на кој било начин. Нашата војска со години го гаѓаше мозокот на сите напади на ИСИС, но Бајден и неговите соработници не дејствуваа доволно брзо за да го направат тоа Ја направив работата!“ – рече Трамп и додаде „Пораката до Исламската држава и секој што би ги нападнал Американците е дека ќе ве најдеме и ќе ве убиеме“.

Трамп не го откри идентитетот на планерот на ИСИС, ниту потврди дали лицето загинало во нападот. Претставниците на Белата куќа не одговорија веднаш на барањата за коментар, пренесува Еуроњуз.

Текстот Трамп нареди прв воздушен напад врз цели на ИСИС во Сомалија е превземен од МАКФАКС.