Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа одговараше на прашања на новинарите, а дел од конференцијата беше посветен и на односите со Украина и договорот за експлоатација на украинските ретки минерали.

На прашањето дали договорот меѓу Вашингтон и Киев за минерали пропаднал, Трамп одговори:

„Не мислам така, тоа е одлична работа за нас.

Тој додаде дека верува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да покаже поголема благодарност.

„Мислам дека треба да биде повеќе благодарни“, рече Трамп.

На прашањето дали размислува да ја прекине воената помош за Украина, Трамп даде нејасен одговор, повторно критикувајќи ја вмешаноста на Америка во војната:

„Тоа е договор што никогаш немаше да се случи“, рече тој, очигледно мислејќи на пошироката рамка на американската поддршка за Украина.

Тој се осврна и на неодамнешните изјави на Зеленски, кој рече дека крајот на војната е „многу, многу далеку“.

„Подобро да греши. Тоа е сè што велам“, рече Трамп и додаде:

„Сакам војната брзо да заврши“.

Текстот Трамп: Мислам дека договорот со Украина не пропадна, Зеленски треба да биде поблагодарен е превземен од МАКФАКС.