Мобилната апликација за пристап до социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social), развиена на иницијатива на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е достапна во „Апстор“ (AppStore) од вчера– 21 февруари.

Креаторите на „Трут сошл“ ја лансираа социјална мрежа на националниот празник – Денот на претседателот, кој традиционално се одбележува во третиот понеделник во февруари.

Последните недели од неговиот мандат како претседател на САД, Трамп имаше блокирани сметки на Твитер, Фејсбук и Инстаграм. Ова се случи набргу откако неговите приврзаници упаднаа во Конгресот на 6 јануари 2021 година и се обидоа да го спречат одобрувањето на резултатите од минатогодишните претседателски избори.

Во врска со инцидентот, демократите почнаа постапка за импичмент на Трамп. Сепак, Сенатот на Конгресот не ја поддржа иницијативата.