Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го продолжува рокот на американските санкции против Русија за една година.

Ограничувањата беа воведувани постепено започнувајќи од претседателот Барак Обама во 2014 година, па неговиот наследник Доналд Трамп во 2018 година и следниот претседател на САД, Џо Бајден, во 2022 година.

На денешниот брифинг за новинарите во Белата куќа Трамп рече дека „дејствата и политиките споменати во овие укази и понатаму претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.

Првично, санкциите што ги продолжи Трамп беа воведени како одговор на дејствијата на Русија во Украина во 2014 година. Во наредните години, ограничувањата беа проширувани, опфаќајќи сè повеќе лица и организации кои ја поддржуваа руската политика во регионот. Администрацијата на Трамп во 2018 година воведе нови санкции како дел од заострувањето на притисокот врз Москва, а по почетокот на руската сеопфатна инвазија на Украина во 2022 година, претседателот Бајден дополнително го прошири списокот на санкции.

Текстот Трамп ги продолжи американските санкции против Русија за уште една година е превземен од МАКФАКС.