Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина.

„Навистина зависи од претседателот Зеленски да го стори тоа сега. Исто така, би рекол дека европските земји треба малку да се вклучат. Но, зависи од претседателот Зеленски. Ако сакаат, ќе бидам на следниот состанок“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“ по средбата со Путин во Алјаска.

„Претпоставувам дека сега ќе закажат состанок меѓу претседателот Зеленски, претседателот Путин и мене“, додаде тој.

На прашањето каков совет би му дал на Зеленски, Трамп рече дека би му препорачал на украинскиот претседател „да склучи договор – Русија е многу голема сила“.

Текстот Трамп вели дека состанок за прекин на огнот во Украина организираат Путин и Зеленски е превземен од МАКФАКС.