Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше накратко уапсен во затвор во Атланта поради лобирање за изборите во 2020 година во американската држава Џорџија, но набрзо беше ослободен со кауција. Доналд Трамп пристигна во затворот во Атланта за да се предаде и да се фотографира како дел од широкиот криминален случај што произлегува од обидот на поранешниот американски претседател да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година во Џорџија.
Трамп пристигна во затворот во 1:30 часот по македонско време, околу 30 минути откако неговиот приватен авион слета на аеродромот „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта. Како и десет од единаесеттемина обвинети во случајот кои веќе се предадоа, Доналд Трамп беше ослободен со кауција од 200 000 долари.
Трамп (77) веќе влезе на непозната територија како прв поранешен претседател на САД кој се соочил со кривични пријави, иако четирите случаи кои се покренати против него не му наштетија на неговиот статус како фаворит во трката за републиканска номинација за да го предизвика демократскиот претседател Џо Бајден на изборите во ноември 2024 година.
По кратка процедура во затворот во Фултон, Трамп набрзо се врати во својот голф клуб во Њу Џерси.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се соочи со четврта кривична пријава откако големата порота во Џорџија го обвини за обид да влијае на изборите во 2020 година, на кои беше поразен од демократот Џо Бајден.