Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека, доколку победи на изборите, на важни позиции ќе ги именува милијардерот Илон Маск и адвокатот и поранешен независен претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор.
Трамп, кој го соопшти ова во интервју со новинарот Такер Карлсон, не прецизираше на какви позиции ќе имаат Маск и Кенеди Јуниор, објави NBC News.
Маск отворено го поддржа Трамп, додека Кенеди Џуниор се откажа од претседателската кандидатура и го поддржа поранешниот претседател.
Текстот Трамп: Ако победам, ќе им дадам важни позиции на Маск и Кенеди помладиот е превземен од МАКФАКС.