Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокерес, кој игра за Спортинг Лисабон, беше апсолутна сензација во изминатата година. 26-годишниот центарфор, кој до пред 20 месеци настапуваше во англиската втора лига, сега го бараат големите клубови. Сезонава на 42 натпревари за клубот и репрезентација постигна 43 гола.

Како 20-годишник, Ѓокереш пристигна во Брајтон од шведската екипа Бромапојкарна. Тој настапи на само осум пати во Премиер лигата и постигна еден гол, па беше испратен на позајмици во Свонси и Ковентри. Ковентри го откупи неговиот договор, а потоа го продаде во Спортинг во јули 2023 година за 24 милиони евра.

Тој експлодираше во својата прва сезона во Португалија, досега постигна 77 гола во 84 настапи за клубот од Лисабон.

Преселбата на Ѓокерес вонекој од најдобрите светски клубови е само прашање на време.

Новинарот Фабрицио Романо за време на преодниот рок, објави дека Спортинг ја одредил сумата за која клубот е подготвен да го продаде напаѓачот.

Во Лисабон би прифатиле 75 милиони евра, колку што е вредноста на Ѓокереш според „Трансфермаркт“.

Англиските медиуми пренесуваат дека за неговиот порпис ќе се борат Манчестер јунајтед, Арсенал и Баерн.

Текстот Траката за потписот на Ѓокереш може да почне, Спортинг бара 75 милиони евра е превземен од МАКФАКС.