Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и извлечат телото на девојка од Србија, пренесоа српските медиуми.

Девојка од Врњачка Бања се удави денес околу 15 часот, во близина на ’ртот Весло кај Луштица, додека се фотографирала со пријателка на една од карпите и паднала во водата, објавија црногорски „Вијести“.

Додека се фотографирала, се верува дека морето се разбранувало, а брановите ја повлекле девојката.

Полицијата и нуркачките екипи го забележале безживотното тело на девојката како плови во еден момент, но лошото време и брановите ги спречиле да се приближат.

Затоа, операцијата за извлекување ќе продолжи наутро.

фото: принтскрин

Текстот Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват е превземен од МАКФАКС.