Во сообраќајна несреќа во Црна Гора загина 21-годишен фудбалер на прволигашот Језеро. Лекарите 24 часа се бореа за животот на младиот фудбалер, но на крајот, за жал, не успеаја да го спасат.

Мирза Ѓурѓевиќ летово од Петровац пристигна во Језеро каде ги мина претходните три сезони. Играше во помладите категории на Будуќност, а настапуваше и за Отранто-Олимпик од Улцињ. Во својата кариера одигра 63 натпревари во Првата црногорска фудбалска лига.

Борбата за животот на младиот човек траеше последните 24 часа, но на крајот лекарите не успеаја да ги санираат последиците од сообраќајната несреќа и да го спасат животот на младиот фудбалер. Соиграчите и поранешните клубови, но и целата фудбалска јавност на Црна Гора денеска се простуваат од несреќниот починат Ѓурѓевиќ.