Легендарниот фудбалер Франческо Тоти во интервју за Guardian зборуваше за разликите во фудбалот некогаш и денес, велејќи дека е невозможно да се споредат тие две времиња.
„Јас почнав да играм фудбал во друго време, кога овој спорт беше поинаков, полн со страсти и љубов кон навивачите. Ми беше лесно да играм за тимот за кој отсекогаш сум навивал, а секако не беше мала работа да бидеш 25 години во еден клуб“, вели Тоти.
Тој во интервјуто додаде:
„За да станете капитен и еден од најважните играчи во тимот секогаш мора да бидете на врвот на задачата. Поради тоа е тешко да се спореди моето време во фудбалот и ова сега. Фудбалот сега повеќе е бизнис кој зборува дека играчите треба да одат таму каде што ќе заработат повеќе пари“.
Тоти вели дека како дете мечтаел да игра за Милан.
„Кога бев дете, Милан беше највозбудливата екипа која некогаш сум ја гледал, можеби и единствената за која сум фантазирал да играм. Сепак, секогаш мојата одлука и само мојата одлука значеше каде ќе ја продолжам кариерата. Иако бев многу млад, знаев каде во иднина ќе играм – во Рома“, вели Тоти.
Во 27 години меѓу почетокот и крајот на кариерата како фудбалер во Рома играл 25 сезони во дресот на првиот тим, имал 786 настапи, 307 голови и 5 трофеи.
Со Рома во 2001 година бил шампион на Италија. Со Италија во 2006 година беше светски шампион. Во дресот на Италија играше во финалето на ЕУРО 2000, тогаш беше одбран за најдобар играч. Тоти пет пати бил најдобар италијански играч во Серија А, а еднаш и најдобар стрелец во Европа.