Јужните и источните региони на Англија, вклучително и главниот град Лондон, се зафатени од топлотен бран кој според метеоролошките прогнози ќе трае уште неколку дена со температура до 35 Целзиусови степени.

Advertisements

“Имаме ведро небо и прилично сува почва на југот на Англија. Исто така, потопол воздух доаѓа од југот на Европа, особено од Пиринеите. Тоа доведува до пораст на температурите, чии максимални ги очекуваме во петок”,  изјави Греам Меџ, портпарол на Метеоролошката служба.

Вакви високи температури во Англија не се забележани од 1976 година. Метеоролозите најавуваат дека крајот на овој топлотен бран ќе има во недела, кога се очекуваат врнежи од дожд.

Највисоката температура забележана во Велика Британија била 35 степени Целзиусови во јуни 1976 година/ Makfax

Прикажи повеќе