Поранешниот британски лидер Тони Блер денеска изјави дека треба да се донесе трета страна да управува со Газа за да се стави крај на војната во областа, истовремено изразувајќи ја поддршката за војната на Израел против либанското движење Хезболах.
Кога Блер беше британски премиер за време на војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година, тој го поддржуваше Израел и се спротивстави на повиците на неговата влада да воведе ембарго, пренесува „Политико“.
Тој ги поврза сегашните непријателства со кршењето на Хезболах на резолуцијата за прекин на огнот од 2006 година на Советот за безбедност на ОН, со која се повикува движењето да се повлече од границата со Израел и да се разоружа.
Текстот Тони Блер: Треба да донесеме трета страна за да ја завршиме војната во Газа е превземен од МАКФАКС.