реклама

Актерката Софија Вергара (51) неодамна откри дека се разведува од нејзиниот колега Џо Манганиело (46), а најголемото прашање во нивниот развод било кој ќе го добие нивното куче Баблс.

Софија претходно зборуваше за Баблс и истакна дека кучето е нејзино, но дека многу повеќе го сака Џо. Сега извор близок до парот откри дека актерката ќе го остави кучето кај поранешниот сопруг.

реклама

„Нема шанси Џо да се раздели со своето сакано куче и Софија го знае тоа“, изјави извор близок на парот за Page Six.

„Ниту еден од нив не е огорчен и не бара одмазда, а Софија го сака Баблс и сака тој да биде среќен и затоа му дава „старателство“ на Џо“, рекол исто така изворот.

реклама

Да потсетиме, Џо и Софија пред две недели ги потврдија гласините дека се разведуваат, а многумина веднаш се запрашаа што ќе се случи со нивната сакана миленичка.

“Тоа куче ме мрази. Ја интересира само Џо”, рекла Софија за Баблс.

реклама