Три тинејџерки од Лондон, на возраст од 14, 16 и 17 години, се обвинети за убиство од небрежност, откако до смрт претепале 75-годишен маж на улица.

Тие првично беа уапсени за нанесување тешки телесни повреди, но по неговата смрт беа изведени на судење, пишува Sky News.

Според очевидци, Фреди Риверо, за кој се верува дека е боливиски државјанин, бил нападнат околу 23.35 часот во четвртокот на патот Seven Sisters во Ислингтон, северен Лондон.

Додека стоел во близина на автобуската станица, му пришле тинејџерки, го опколиле, а потоа си заминале. Меѓутоа, неколку моменти подоцна се вратиле и го нападнале – туркајќи го, со тупаници и клоци. Една од нив сето тоа го снимала со својот мобилен телефон.

Полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на нападот и се обиделе да му помогнат на мажот, но тој починал во болница следниот ден.

Девојките се задржани во младински притвор, а нивниот случај дополнително ќе биде сослушан на судењето закажано за 31 март во Олд Бејли.

Текстот Тинејџерки тепале маж на улица во Лондон, жртвата починала – чинот го снимале со мобилен телефон е превземен од МАКФАКС.