Хаосот со организацијата на Австралија Опен продолжува со нова чудна и неочекувана одлука по однос на настапот на тенисерката од Чешка, Рената Ворачова, пренесува „АБЦ“.
Тенисерката која веќе настапи на турнир во Мелбурн, остана без визата која и овозможуваше учество на Австралија Опен.
Таа е сместена во хотелот за белгаци каде во моментов се наоѓа и Новак Ѓоковиќ. Во четвртокот службата на Австралиските гранични сили ја спровеле во хотелот „Парк“ иако и таа како и Новак претходно добила иземање од задолжителното вакцинирање против Ковид-19.
Ворачова добила изземање затоа што претходно го прележала коронавирусот, но во меѓувреме донесена е поразлична владина одлука.
Нема информација дали таа ќе ја напушти земјата како што и е наложено или ќе се жали по примерот на Ѓоковиќ.