Пакистански борбени авиони нападнаа сомнителни засолништа на бунтовници во Авганистан само неколку дена откако беше планиран и извршен крвав обид за атентат врз пакистански воен персонал од авганистанска територија. Двата инцидента доведоа до ново зголемување на тензиите меѓу двете соседни земји, јави ДПА.
-Авионите таа ноќ бомбардираа собир на вооружени борци на пакистанските талибанци, група различна од авганистанските талибанци, изјавија за ДПА пакистански воени и разузнавачки извори.
Тие рекоа дека неколку исламисти биле убиени во нападите во провинциите Хост и Пактика, но портпаролот на авганистанската влада Забиула Муџахид рече дека загинале само жени и деца.
Муџахид го предупреди Пакистан да не ги повторува таквите бомбардирања, бидејќи тоа ќе создаде ситуација што може да излезе „надвор од контрола за Исламабад“.
Пакистанските напади се чинеше дека се одговор на прекуграничниот напад на пакистанските талибанци на воен контролен пункт кон крајот на минатата недела, во кој загинаа седум војници, забележува ДПА.
Извор: МИА