Министерството за индустрија, претприемништво и трговија ја отфрли жалбата на Клан Косово со која телевизијата бараше да не и се одзема лиценцата за работа како приватна телевизија. Комисијата која ги разгледувала претставките одлучи дека косовската агенција за регистрација на компаниите „постапила во согалсност со законот кога го суспендирала сертификатот на Клан Косово, со образложение дека во документите за регистрација на телевизијата, општините на Република Косово биле претставени како градови на Србија, што е повреда на Уставот.
На одлуката реагираше Клан Косово.
„Тенденцијата на владата да фабрикува непријатни ситуации со обвинувачко и непрофесионално толкување покажува дека вистинската цел не е техничката процедура на една компанија, туку замолчување на медиумите“, се вели во реакцијата на Клан Косово, од каде најавуваат дека правда ќе бараат до судот.
Регираа и политичките партии – според претседателот на Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи, одлуката на владата за затворање на Клан Косово, е неприфатлива, опасна, незаконска и против секоја демократска вредност, врз која е основана државата.
„Оваа влада го загуби патот! Од паника секој ден се повеќе тоне во калта на недостојни одлуки, со диктаторски тенденции. затоа, денес сите сме обединети против оваа авторитарна одлука и во одбрана на слободата на изразување и слободните медиуми“, напиша Красниќи. Претседателот на Демократската лига на косово Лумир Абдиџику, рече дека „наредбите на политбирото не можат да ја победат косовската демократија“ и ги повика судовите да ја заштитат демократијата.