Новинарот на Алсат Махир Тачи, кој е во Порто за да го следи натпреварот Португалија – Македонија, се надева дека Порто ќе стане историски град за фудбалот и за репрезентацијата на Република Северна Македонија, доколку таа успее да се пласира на Светското првенство „Катар 2022“. Според Тачи, момците од репрезентацијата успеале да ја победат Германија, а на крајот и Италија, па зошто да не ја продолжат оваа традиција и да ја победат Португалија.
„Атмосферата е добра меѓу играчите, тоа го кажа капитенот Стефан Ристовски на вчерашниот прес. Се е на ниво и очекуваме позитивен резултат со Португалија, која велам дека е фаворит и има традиција на своја страна. Сите бараж средби ги победи, Македонија ја прекрши два пати оваа традиција, со Германија потоа и Италија на нивни терен, зошто да не и со Португалија во Порто“- изјави Тачи. /Алсат.мк