Црногорскиот фудбалер Андрија Делибашиќ почина на 44-годишна возраст, објави јавниот сервис на Црна Гора (РТГЦ).
На поранешниот фудбалер на Партизан, Мајорка, Рајо Ваљекано и други клубови му бил дијагностициран тумор на мозокот во март 2023 година, додека беше тренер на Морнар. . По операцијата, Делибашиќ му се врати на фудбалот, минатото лето стана спортски директор на Будуќност.
Делибашиќ на 14-годишна возраст од Сутјеска пристигнал во младинската школа на Партизан. За првиот тим на црно-белите дебитираше во 1999 година и освои две титули во првенството и една во Купот пред да замине во Мајорка во 2004 година.
„Сите што ја сакаат црногорската фудбалска репрезентација вечно ќе го паметат 7 октомври 2011 година, магичниот гол за сензационално реми 2:2 против Англија и пласман во баражот за ЕП. И тие денеска ќе плачат, бидејќи на возраст од 44 години почина авторот на еден од најпознатите голови во кратката историја на нашиот фудбал, Андрија Делибашиќ“, објави РТЦГ.
Текстот Тажен ден за црногорскиот фудбал – Почина Андрија Делибашиќ е превземен од МАКФАКС.