По затемнувањето и крајот на ретроградниот Меркур, добиваме супер-полна Месечина во огнениот знак на Стрелец на 14 јуни.

Advertisements

Без разлика дали имате желба да талкате или да ги проширите хоризонтите кога е во прашање размислувањето, полната Месечина во Стрелец на 14 јуни ќе го разбуди вашиот авантуристички дух.

Супер-полната месечина во Стрелец ќе биде вистински филозофски предизвик за да се спроведат идејите кои се подготвуваа во сезоната на Близнаци во која се наоѓаме моментално.

Супермесечината во секој од нас ќе ја разбуди потрагата по личната цел и вистината.

Полната Месечина во Стрелец ќе изгледа посветла и поголема од просечно, поради што астролозите и астрономите ја нарекуваат „супермесечина“.

Во астрологијата, полната месечина значи дека работите се при крај. Односно, означува крај на еден циклус и почеток на нов.

На полната Месечина во Стрелец најмногу ќе влијаат следните знаци:

Бик
Врзете се, Бик, бидејќи полната Месечина може да биде малку хаотична. Тоа ги револуционизира вашите финансии. За да избегнете финансиски несреќи, можеби ќе сакате да го преиспитате вашиот буџет и да направите некои промени.

„Можеби подмирувате лични долгови, продавате големи средства или ги комбинирате вашите финансии со друга личност“, изјави астрологот Лорен Еш за Bustle.

Рак
Ќе сфатите дека ова е одлично време да го забавите темпото и да размислите за вашето лично здравје. Дали ви се монотони секојдневните ритуали? Енергијата на Стрелецот може да ги зачини работите со тоа што ќе ве инспирира да додадете нови, или иновативни задачи во вашата рутина.

Очекувајте да ставите крај на некои стари поглавја во вашите пријателства и да се радувате на иднината – вели Еш.

Скорпија
Емоционално напоената енергија на полната Месечина во комбинација со ставот на Стрелец може да погоди чувствителна точка, но не задржувајте ги солзите – оваа тешка љубов треба да ве зајакне.

„Тајните излегуваат на површина и може да се откријат информации за време на оваа полна Месечина“, објаснува Еш.

„Ако се чувствувате исцрпени или преоптоварени во ова време, во ред е да замолчите и да го ставите вашиот живот на режимот „Не вознемирувај“ неколку дена, за да се освежите.

Полната Месечина во Стрелец е многу важна за самиот Стрелец, бидејќи ќе се преиспитувате повеќе од кога било. Ова е време на одлуки кои можат да го променат текот на претстојната година.