Специјалниот суд во Хаг му одобри на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, кој е во притвор, да го посети семејството во Косово, јавуваат приштинските медиуми.
„Поради убедливи хуманитарни причини, Судскиот совет му нареди на секретарот да ја води притворската посета на Косово со цел Хашим Тачи да се сретне со неговото семејство. Обвинетиот останува во притвор и под надзор на Специјалниот совет“, се вели во одговорот на Специјалниот совет на Косово во Хаг.
Пред неколку дена беше објавено дека таткото на поранешниот претседател на Косово, кој има 84 години, е подолго време болен и дека е згрижен во болница.