Црногорската полиција истражува сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот околу 10.30 часот во Подгорица.

„Мерцедес“ од придружбата на премиерот Милојко Спајиќ се судри со „ауди“ регистрирано на име на адвокатката Ана Ѓукановиќ, сестра на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ. „Аудито“ во моментот на несреќата не го управувала Ана Ѓукановиќ, туку нејзиниот возач.

Полицијата се сомнева дека возачот на автомобилот „ауди“ поминал на црвено светло. Се истражува дали намерно ја предизвикал несреќата.

Во несреќата нема повредени, но причинета е значителна материјална штета. Спајиќ во моментот на незгодата не бил во „мерцедесот“.

Текстот Судир во Подгорица меѓу „аудито“ на сестрата на Мило Ѓукановиќ и „мерцедес“ од придружбата на премиерот Спајиќ: полицијата истражува дали е намерно предизвикан е превземен од МАКФАКС.