Секоја личност индивидуално има различно сфаќање за бракот, но и за тоа што сака во бракот. Сепак, стручњакот за врски, Грег Берент ги открива „едноставните навики на луѓето“ кои се во стабилен, среќен брак. Тој, инаку, е и автор на неколку книги и консултант за сценаријата за ТВ-серијата „Сексот и градот“.

Според него, секој ден треба да биде можност со партнерот да се исклучите од другите и да се посветите самите на себе. Гестовите, според овие совети, се едноставни…

– Држете се за раце, разговарајте или правете нешто што ве зближува – најмалку пет минути дневно… Некои денови се полесни, а на некои потешко е да се одвојува време за заеднички мигови, но ако на бракот гледате како на „секојдневна практика“, чувствата со текот на времето само ќе станат посилни, појаснува Берент.

И двајцата да сте на иста страна

Берент и неговата сопруга се венчале без да утврдат дека нивните животни ставови се исти. Па затоа, на почетокот имале и проблеми.

– Согласете се со нешто со што вообичаено не се согласувате… Просто, направете нешто избрзано затоа што мислите дека другиот го очекува тоа. Ако не знаете што навистина сака вашиот партнер, тоа е зашто никогаш не го прашувате – сѐ ова се причини да разговарате, за да видите дали мислите исто, додава советувачот.

Родителството е работа која нема работно време, а истото важи и за бракот. И, како што е важно да се грижите за децата, исто толку важно е да се грижите и за вашиот брак.

– Многумина мажи не минуваат време со своите жени бидејќи имаат деца. И многу е важно бракот да ви е важен бидејќи децата се плод токму на вашата брачна љубов и тоа не треба да се занемарува. Бракот треба да се негува исто како и децата, истакнува стручњакот.

Понекогаш разводот е најдобриот договор

Многумина не сакаат да признаат, но разводот понекогаш е најдобриот исход за двете страни. Берент тоа го дознал од својот татко по смртта на мајка му во 2004 година.

– Тој ми рече оти би сакал да побарал од неа да се разведат, бидејќи тоа можело да им го промени животот. Немаше причина сите да бидеме несреќни, вели тој.

Но, понекогаш разводот не е добра опција.

– Понекогаш луѓето се разведуваат од погрешни причини. Познавам и такви кои велат – само да почекав или да зборувавме за тоа, сè уште ќе бев со неа. Навистина не сакаат никој друг. Но, многу работи се натрупале, посочува Берент.

Затоа, советот гласи – не донесувајте големи животни одлуки пред да бидете сигурни дека сте се обиделе со сè. Кога се сомневате, прашајте.

Поддршка

Една од најважните навики во бракот е да му поставите на партнерот едноставно прашање – како да ти помогнам?

– Тоа е прашање кое ќе го спаси мигот во многу ситуации. Кога партнерот ќе се пожали за нешто, да речеме – проблем на работа, не давајте совет однапред, туку прашајте каква помош му е потребна, нагласува Берент.

Поддршка – да, но онаа што ќе ја побараат од вас и таква што на партнерот му треба. Тоа ќе ѝ даде сила на вашата врска, дури и ако на другиот, можеби, навистина и не му треба помош. Никој не сака другите да го водат, но секој сака да знае дека има некој што е подготвен да понуди помош, потпора или утеха.