Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Турција има „легитимна загриженост“ за тероризмот и другите прашања што треба да се сфатат сериозно. На вчерашната заедничка прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во Хелсинки, Столтенберг рече дека „ниту еден друг сојузник на НАТО не претрпел повеќе терористички напади отколку Турција“, и укажа на стратешкото значење на позицијата на земјата поради соседите како Ирак и Сирија.

Advertisements

„Ова се легитимни грижи. Се работи за тероризам, за извоз на оружје. Мораме да се справиме со безбедносните проблеми на сите сојузници. Тоа ја вклучува и загриженоста на Турција за терористичката група Курдистанска работничка партија“, рече Столтенберг, додавајќи дека кога „клучен сојузник“ како Турција ќе го покрене прашањето за тероризмот, НАТО мора да го сфати сериозно. „И токму тоа го правиме“, рече Столтенберг.

Прикажи повеќе