Полицијата во Охрид го уапси Т.Т.(51). Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина.
Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „застава“ со калибар 12 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Текстот Средовечен маж од Охрид ѝ испраќал експлицитни пораки и фотографии на тинејџерка е превземен од МАКФАКС.