Средношколец во Нивегеин, Холандија, оваа недела починал додека учествувал во опасен предизвик – игра со гушење, а нема индиции дека е сторено кривично дело, соопшти денеска полицијата во тој град. Во соопштението се наведува дека се работи за „трагичен инцидент“, објави „NL Times“.

Училиштето во вторникот соопшти дека еден од нивните ученици загинал во фатална несреќа, а на барање на родителите на детето, училиштето подоцна ги известило родителите и старателите.
За време на играта со гушење, децата се гушат себеси или меѓусебно со притискање на каротидната артерија, која мора да се ослободи пред некој да ја изгуби свеста, за што холандскиот центар за превенција од самоубиства предупреди дека е исклучително опасно и може да предизвика оштетување на мозокот и смрт.

Директорот на училиштето „Ана ван Ријн“, Воутер Лукел за РТВ Утрехт изјавил дека сите во училиштето биле шокирани, пренесува Танјуг.

„Тоа е многу тажен настан. Мораме да ги направиме работите што треба да ги направиме на најдобар можен начин. И мислам дека успеавме да го направиме тоа заедно“, рече тој.

Текстот Средношколец во Холандија почина за време на опасен предизвик е превземен од МАКФАКС.