реклама

Последните 20 години од минатиот век и првите 20 од oвoj обично се сметаат како ера на најсилниот и најнезапирлив технолошки напредок на човештвото, земајќи ги како пример новите брзорастечки технологии – паметните телефони, електричните и самоуправувачките автомобили, вештачката интелигенција…

Не толку интензивен, но секако и средниот век бил инвентивен и иновативен. Од оние времиња останале голем број пронајдоци и откритија што луѓето ги користат и денес. Следат девет средновековни изуми коишто веројатно ќе ги користиме и следните стотици години.

реклама

Хартиени пари

Тие првпат се појавиле во Кина во 7. век. Порано или подоцна нешто мораше делумно да ги замени незгодните, тешки метални кованици од антиката, коишто исто така, се користат и денес. Тие многу лесно може да се изгубат или – да се украдат. Подоцна, некаде пред 11. век, за време на династијата Сонг, официјално биле испечатени и издадени тн. жаози – банкноти коишто нумизматичарите ги сметаат за првите унифицирани хартиени пари во светот.

реклама

Дигиталните платежни средства денес, како и криптовалутите, се обидуваат да ги потиснат „старите добри“ банкноти… Сепак, картичките досега во ниедна земја не успеаја целосно да се наметнат и потполно да ја истиснат „хартијата“.

Узди и узенгии

реклама

И денес му овозможуваат на јавачот цврсто и удобно да го држи својот коњ, а порано, на пр., истовремено да носи и оружје. Тие се појавуваат во Источна Европа околу 7. век, а следните векови се прошириле и во Западна Европа. Се смета дека узенгиите имале клучна улога во развојот на војувањето во средниот век.

Узенгиите веројатно ја направиле коњаницата врвна единица на средновековната војска, до некаде намалувајќи ја важноста на пешадиските одреди. Во голема мера благодарение на уздите и узенгиите, коњаниците можеле да држат оружје, да се борат во движење, па дури и да гаѓаат со стрела со минимална можност од паѓање од својот коњ.

Механички часовник

Средства за мерење на времето постоеле уште од антиката, но механичките направи какви што ги знаеме до ден-денес биле развиени во средниот век. Потоа следела и напредна технологија за точно мерење и прикажување на времето. Тоа било дело на христијански монаси кои добро ја познавале астрономијата.

Броењето часови, минути и секунди го револуционизира светот. И покрај пронаоѓањето дигитални часовници и паметни телефони, механичките часовници сè уште остануваат составен дел од секојдневниот живот на луѓето кои ги користат и денес.

Компас

И овој изум потекнува од средновековна Европа. Постари направи постоеле и во Кина и во Мезоамерика, но технологијата на компасот каков што го знаеме денес, се појавила на „Стариот Континент“. Потребата за компаси се појавила кога навигаторите, трговците и морнарите сфатиле дека им е потребен уред којшто ќе им помогне да се движат безбедно преку море или на океан за време на долгите патувања.

ГПС денес се обидува да го замени стариот добар компас со магнетна игла. И, секој го носи в џеб, во телефонот. Сепак, компасот сè уште не може да се замени кога, на пр. сателитите не нудат добра, стабилна и безбедна врска. И, за разлика од ГПС, компасот не може да биде измамен или збунет – север е секогаш таму каде што му е местото.

Барут

Измислен во Кина меѓу 9. и 11. век, овој пронајдок направи важен пресврт во историјата на човештвото, поточно на воената историја. Кога се појавил и во Европа во 13. век, барутот трајно го променил начинот на којшто се водела војната. Секако, военото оружје денес е многу понапредно, со многу посложени смеси, формули и дигитални изуми, барутот сѐ уште се користи, на пр., во лов.

Очила

Ова откритие потекнува од средновековна Италија – околу 1268 година очилата најчесто ги користеле монасите и учените луѓе. Но, првите очила не изгледале како што ги знаеме денес. Тие се држеле со рака пред очите… Историчарите не се сигурни дали овој пронајдок може да ѝ се припише на одредена личност, тие брзо се проширија низ Западна Европа до крајот на 13. век. Очилата се усовршувале низ времето, па и денес се користат за корекција на видот, па за многумина се составен дел од секојдневието.

Ветерници

Според археолозите, и ветерниците се користеле во Кина уште далечната 1219 година. Овој изум бил користен првенствено како пумпи за вода и за мелење жито. Имаа четири сечила монтирани на централен столб. Имаа и заби и прстенест опрема. Во Европа, првите ветерници се појавиле околу 1270 година, а концептот се проширил благодарение на Крстоносните војни, пишува „Ворлдатлас“ (WorldAtlas).

Во денешно време ветерницата веќе не меле жито, туку се користи за производство на електрична енергија. Тоа воедно е и еден од главните начини за производство на зелена електрична енергија што не ја загадува планетата.

Печатници

Технологијата за печатење првпат е воведена во Кина во 11. век. Сепак, пошироката европска јавност за неа дозна во 15. век. Креатор на првата печатница за книги на нашиот континент е Јоханес Гутенберг. Со нејзиното создавање почна масовно производство на книги и тоа го промени начинот на којшто луѓето пристапуваат до пишаниот збор и знаењата воопшто.

Европската печатница се појавила во Германија. Тоа е исклучително значаен изум во средновековната историја – вистинска револуција во книжевноста.

Печатењето книги претходно барало многу време и труд, па поради тоа, пристап до пишаните дела имале само побогатите. Печатницата на Гутенберг стана еден од клучните пронајдоци на европската ренесанса.

Народна библиотека

И овој концепт, каков што го знаеме денес, настанал во доцниот среден век. Во Чезена, Италија, 1452 година, била отворена „Малатеста новело“ (Malatesta Novello) и оваа установа  се смета за првата народна библиотека во светот. Библиотеките дотогаш биле не многу достапни и претежно биле користени од мал круг привилегирани луѓе. Народната библиотека првпат отворена во Чезена била во сопственост на Градската општина и им овозможувала на луѓето бесплатно да позајмуваат и читаат книги во неа. 

реклама