Србија и Косово нема да можат да ги користат средствата од „Планот за раст“ доколку не постигнат напредок во дијалогот за нормализација на односите, се вели во документот што го објави Европската Kомисија.
„Планот за раст“ го објави Европската комисија на 8 ноември. Таа има за цел економски развој на земјите од регионот.
Како дел од планот, предвиден е голем пакет финансиска помош од шест милијарди евра за периодот 2024 – 2027 година.
Според планот, до две милијарди евра од оваа сума би оделе во форма на грантови, а останатите четири милијарди во форма на поволни заеми или капитални инвестиции. За да имаат корист од фондовите, земјите треба да исполнат одредени предуслови за да ги искористат овие финансиски средства.