Александар Вучиќ привлече внимание при неговото гостување во емисија на Хепи ТВ.

Фотографиите на српскиот претседател брзо се раширија низ социјалните мрежи бидејќи многумина коментираа за патиките што ги носеше на шоуто. Тој пред камерите се појави облечен во патики „Зегна“, кои чинат 870 долари (околу 850 евра). Вучиќ носи и чевли од овој бренд, кои ги покажа на неколку фотографии кои претходно ги објави на социјалните мрежи.

Некои пишуваа дека Вучиќ бил „лицемерен“ поради неговите патики. Тие напишаа дека тој „промовира скромно јадење“ и „живот без одмори и празници“, а носи „неколку илјади евра на себе каде и да се појави“.

Некои се пошегуваа и пишуваа дека е бизарно што патиките се „скапи и грди“, додека други пишуваа дека „и најскапото му изгледа евтино“.

Неодамна Србите на социјалните мрежи ја коментираа и сопругата на Вучиќ, Тамара, која на Инстаграм објави фотографии од одмор на скијање на Копаоник. Некои потоа почнаа да коментираат дека таа и нејзиниот сопруг „живеат во друга димензија“.

Текстот Србите лути поради патиките во кои Александар Вучиќ се појави во емисија: „Фолирант“ е превземен од МАКФАКС.