Србинката (34) осомничена дека го убила својот сопруг Костас Сијамитрас во Лептокарија, Грција, а потоа го закопала во дворот од нивната куќа и тврдела дека го нема пет месеци, денеска ќе се појави на суд.
Истовремено, семејството на убиениот смета дека обвинетата не делувала сама и бара да се знаат сите околности во кои е убиен Костас.
„Ќерката на жртвата цврсто верува дека има соучесник, а ако не во извршувањето на злосторството, тогаш секако во обидот да го прикрие пренесувањето и закопувањето на нејзиниот татко“, вели за „Прототема“, Димитрис Милонерос, адвокатот на ќерката на убиениот.ж
Во текот на прелиминарната истрага, 34-годишната жена тврдела дека по расправија што ја имала со нејзиниот партнер, тој паднал, ја удрил главата и бил смртно повреден. Потоа сама го носела и го закопала во дворот од нивната куќа. Шокантната информација е дека за сите овие месеци колку што властите трагаа по 58-годишниот, неговиот тригодишен син си играл во дворот од куќата, каде минатиот четврток бил пронајден закопан, според признанието на жената.
Според информациите, откако ќе заврши распитот на Србинката и во зависност од истражните дејствија што ќе бидат наредени, не е исклучено роднините на жртвата да побараат реконструкција на делото.
Текстот Србинката осомничена дека го убила сопругот во Грција ќе се појави пред суд, семејството на жртвата верува дека имала соучесник е превземен од МАКФАКС.