Светската здравствена организација (СЗО) најверојатно ќе ја одобри вакцината против коронавирус „Спутник В“ до крајот на годината, доколку потпишувањето на потребните правни документи биде завршено во наредните денови, вели научниот експерт на СЗО, Сумија Сваминанатан.
Постојат некои правни документи што треба да бидат потпишани од двете страни пред СЗО да го продолжи процесот на евалуација на руската вакцина за итна употреба. Мислам дека сега застанавме таму, рекла таа.
Таа додаде дека руските власти уверуваат дека документацијата ќе биде потпишана наскоро и дека ќе се обнови евалуацијата на вакцината, како и дијалогот и инспекцијата што ќе следи потоа.
Според експертката, засега не е познато кога ќе се организира инспекцијата, но СЗО смета дека тоа ќе биде што е можно поскоро, најверојатно до крајот на годината.
Таа верува дека вакцината „Спутник В“ ќе биде одобрена. Во интервју за Спутник, таа вели дека според првичните податоци, станува збор за „многу добра вакцина“.
Претходно, помошничката генерален директор на СЗО, Маријанџела Симао, изјави дека правниот проблем, поради кој е запрен процесот за одобрување на вакцината „Спутник В“, е решен и дека процесот ќе продолжи по усогласување на документацијата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.