Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта му плати на Дани Олмо 55 милиони евра минатото лето, една година пред тоа потроши 40 милиони на Витор Роке (кој повеќе не е во клубот), ќе потроши 70+ милиони на Нико Вилијамс, а клубот што го води „должи како Грција“.

Набргу откако во јавноста се појави информација дека, пазете, „Барселона се согласила да го плати долгот на Френки Де Јонг од 15 милиони евра“, дознавме и дека долговите кон клубовите од кои се донесени играчите ја преминале границата од 100 милиони евра.

Како Барса сè уште може да носи и регистрира играчи и за каков финансиски фер-плеј се работи, никому не му е јасно.

Во основа, Лидс јунајтед ги чека првите рати на име обештетување за Рафиња во висина од 42,5 милиони евра од 2022 година. За трансферот на Феран Торес треба да се уплатат 26 милиони евра на сметката на Манчестер Сити (13 милиони веднаш, 13 на рати). На Севиља должи 24,5 милиони евра за Жил Кунде, на Баерн 21 милион за Роберт Левандовски.

Долга е листата на клубови на кои должи, но сумата што Лапорта треба да ја плати само на Лидс, Сити, Севиља и Баерн е 114 милиони евра. Во текстот што го објави каталонски „Спорт“ не се наведува дали е платено нешто од обештетувањето за трансферот на Олмо од Лајпциг.

Да не зборуваме дека сето ова се случува во моментот на целосна реконструкција на стадионот „Камп Ноу“, кој требаше да чини околу 900 милиони евра, но веројатно ќе „пробие“ милијарда.

Текстот Списокот на клубови на кои должи Барселона е голем, само на Лидс, Сити, Севиља и Баерн треба да плати 114 милиони евра е превземен од МАКФАКС.