Вие секогаш сте на вистинската страна и знаете да ги поддржите вистинските политики што носат развој, за мојата улица, за моето маало, за нашата општина, за наше Куманово, рече потпретседателот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово.

-СДСМ го слуша најдоброто за граѓаните заедно ги одбравме советниците и програмата и секако најдоброто за државата, четири години сме со граѓаните, отчетно, одговорно и чесно за граѓаните и државата, заедно го урнавме режимот и ја поставивме државата на вистинскиот пат го заштитивме идентитетот и македонскиот јазик, влеговме во НАТО гарант сме за стабилност и прогласени сме за најбезбедна држава на Западен Балкан, дополни тој.

Спасовски потсети дека веќе немаме поткупена власт, ниту судии, ниту обвинители, ниту медиуми.

-Сега не се шепоти, гласно се зборува за успесите на Владата предводена од СДСМ, а фактите и резултатите се видливи, поставивме одговорно и домаќинско управување со јавните финасии, не ги трошиме парите, на палми и жални врби туку на градње градинки, патишта , училишта, градинки, се што е потреба за да оди државата напред и унапредување на животот, од 9000 ја зголемивме платата на 15.200, а до крајот на мандатот ќе биде 18.000 денари, ќе растат и пензиите, просечната плата е поголема за 100 евра, растата платите во здравството, кај професорите, полицијата, рече тој.