Александар Спасеновски е гостин во отвореното студио на ТВ21 коментираше за фингерпринтот кој беше воведен на овие избори.

Спасеновски рече дека фингерпринтот во некои места затаи, и наместо да го забрза и да го модернизира, го забавил процесот.

„Денешниот изборен ден помина во знакот на предизвиците на ДИК за осигурување на целосно демократски изборен ден, во воведувањето на фингерпринт со кој требаше да се обезбеди уште една демократичност на процесот, а од друга страна да не се доведе во прашање изборниот процес. Факт е дека на повеќе изборни места овој систем затаи. Можеби се должи на технички причини, можеби неискуство, но факт е дека резултираше со две ситуации, зголемена гужва и реални проблеми за функционирање на самиот систем. Исто така може ваквото нешто да влијае и на излезноста“, рече Спасеновски.

Покрај Спасеновски, гостин е и Александар Кржаловски.