Мандарините се здраво овошје полно со витамин Ц Ви предложивме како можете да ги користите за колачи, како кифлички. И сега направете го омиленото слатко тесто на сите – мафини. Постапката воопшто не е комплицирана, само наредете ги половините од мандарина и прелијте го со тестото. Бидејќи се додава јогурт во тестото, тоа ќе има мека текстура.

Состојки:

2 јајца
120 гр шеќер
кора од портокал
120 мл масло
120 гр јогурт
120 мл млеко
340 гр брашно
2 лажички прашок за пециво
6 мандарини
шеќер во прав

Подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот. Промешајте и додадете ја кората од портокал, маслото, млекото и јогуртот. Добро соединете. Додадете просеано брашно и прашок за пециво. Сè убаво измешајте со жица. Мандарините исечете ги на половина. Ставете во калап за мафини. Секое прелијте ја смесата и печете на 180°C околу 30 минути. Посипете со шеќер во прав.