Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле 37-годишниот С.К. од селото Таринци, општина Карбинци, поради сомнение за напад врз сопственото семејство.
Според пријавата, С.К. во дворот на родителите на својата сопруга физички ја нападнал неа, како и нејзиниот брат, мајка и татко, користејќи остар и тврд предмет. Повредените биле веднаш пренесени во Клиничката болница во Штип, каде што на мајката и братот им биле констатирани тешки телесни повреди.
Напаѓачот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „Тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.
Текстот Сопруг ја нападнал сопругата и нејзиното семејство во Карбинци, користел и предмети е превземен од МАКФАКС.