Вчера во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Текстот Сообраќајна несреќа во Прилеп, тешко повреден 16-годишник е превземен од МАКФАКС.