Цвеклото е исклучително здрав зеленчук, но поради вкусот многумина го избегнуваат.
Ви претставуваме неколку важни причини поради кои сокот од цвекло е толку здрав и токму поради нив треба да го засакате и што почесто да го пиете.
1. Сокот од цвекло го содржи пигментот беталаин кој има антиоксиданси и противоспалителни својства. Благодарение на таа состојка сокот од цвекло го спречува оштетувањето на клетките и ги отстранува слободните радикали од телото.
2. Ако имате дигестивни нарушувања, редовно пијте сок од цвекло. Истражувањата покажаа дека сокот од цвекло ги чисти цревата и помага тие да функционираат правилно.
3. Благодарение на каротеноидите како што се зеаксантин и лутеин, сокот од цвекло е добар и за здравјето на очите.
4. Сокот од цвекло го зголемува нивото на енергија, така што му помага на вашето тело подобро да реагира при вежбањето.
5. Една чаша сок од цвекло на ден го намалува крвниот притисок.
6. Сокот од цвекло ќе го зголеми нивото на железо во крвта. Освен железо, сокот од цвекло содржи и антиоксиданти кои нивото на хемоглобин ќе го одржат на нормално ниво. Железото во сокот ја подобрува и циркулацијата.
7. Сокот од цвекло го зголемува имунитетот, па вашето тело побрзо и полесно да се избори со инфекциите.
8. Благодарение на магнезиумот кој го содржи, сокот од цвекло помага и при ублажување на стресот.