Советот за безбедност на Обединетите нации на 18 јули за првпат во својата историја ќе одржи седница за вештачка интелигенција (ВИ), соопшти денеска постојаниот претставник на Велика Британија во светската организација, Барбара Вудворд.
„За време на претседавањето со Велика Британија првпат ќе разговараме за вештачката интелигенција во Советот за безбедност“, изјави Вудворд.
Таа додаде дека целта е да се поттикне дискусија за управување со огромните можности и ризици кои вештачката интелигенција ги носи со себе.