Aндриј Јермак, шеф на кабинет и советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт со Русија.

„Нема да прифатиме замрзнат конфликт, против такво сценарио се и нашите американски партнери. Ние сме против „Минск 3“, а Европа ќе биде вклучена во мировниот процес“, рече Јермак.

Јермак дополнително нагласи дека Украина и САД се договориле европските претставници дефинитивно да учествуваат во мировниот процес.